Лигата на шампионите и Лигата на Европа добиваа уште еден член во друштвото на УЕФА

Полека се откриваат деталите околу новиот трет клупски турнир во организација на Европската фудбалска куќа (УЕФА). По Лигата на шампионите и Лигата на Европа, УЕФА ќе ја промовира и Лигата на конфедерации.

Според најавите, Лигата на конфедерации треба да е трето по квалитет натпреварување во Европа. Форматот на ова натпреварување ќе биде во стилот на Лигата на шампионите. Во квалификациите ќе учествуваат 138 екипи, а потоа во групната фаза ќе влезат најдобрите 32 клуба, поделени во осум групи.

Победниците од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето, додека второпласираните од групите ќе играат бараж-дуели со третопласираните екипи од Лигата на Европа, а подобриот ќе продолжи во нокаут-фазата. Со воведување на новата лига, ќе биде редуциран и бројот на учесници во групната фаза во Лигата на Европа. Наместо досегашните 48 екипи кои влегуваа во групната фаза, од сезоната 2021/22 во групите ќе има вкупно 32 екипи.

- Оглас -

Најнови вести