Лигата на шампиони и Лигата на Европа ќе станат како НБА?

Челниците на европската фудбалска федерација (УЕФА), бараат начин како да се променат двете најгоеми натпреварувања, Лигата на шампиони и Лигата на Европа. Според послетните шпекулации и најави на италијанскиот весник „Кориера дела Сера“, можно е да се случи УЕФА да воведе револуционерни промени.

Се шпекулира со воведување на конференции, како што има во НБА лигата и останатите американски спортови.  Во Лигата на шампиони би имало четири групи со по осум тимови. Би имало и плеј-оф и плеј-аут мечеви. Првопласираните шест екипи од секоја конференција, би обезбедила место и за следната сезона.

И во Лигата на Европа би имало конференции, но би било малку поразлично. Во Првата лига на ова натпреварување би имало 32 екипи, а во „Втора лига“ би имало 64 клубови. Тие конференции би биле по географска поделба.

Ваквата поделба во Лигата на шампиони и Лигата на Европа би се случила за пет години, односно ова натпреварување би почнало во ваков формат од 2024 година. Засега, ова е само една идеја, а секако главен збор треба да го имаат европските гиганти.

 

- Оглас -

Најнови вести