Лигата на шампионите е се поблиску до Бергамо

Бергамо е се поблиску да биде на мапата на луксузното натпреварување во Лигата на шампионите, по победата на Аталанта против Удинезе со 2:0.

Домаќините го скршија отпорот на Удинезе со два гола во второто полувреме, а клучниот момент се случи во 81. минута, кога беше досуден пенал за Аталанта.

Мартен Де Рун погоди од белата точка, а само 240 секунди подоцна Пашалиќ ја потврди победата, која може да значи прв настап за Аталанта во ЛШ.

Тимот од Бергамо сега има 59 бода на четвртата позиција на четири кола пред завршувањето на шампионатот во Серија А.

Удинезе остана во битка за опстанок со 33 бода, 4 повеќе од Емполи.

- Оглас -

Најнови вести