Лигата на шампионите продолжува во јули, финалето во август

Мечевите од Лигата на шампионите во фудбал ќе продолжат да се играат во јули, откако би завршиле домашните првенства во топ лигите кои имаат свои претставници во завршницата. УЕФА на денешниот состанок реши дека дуелите од осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето и финалето во ЛШ и Лига Европа, ќе се играат во втората половина на јули и август.

Финалето на ЛШ требаше да се игра на 30 мај во Истанбул, но тој датум веќе не важи и терминот ќе биде во август, кога во нормални околности се игра Суперкупот на УЕФА.

Одлучено е и да се поместат баражите од Лигата на нации, па така мечот Македонија – Косово најрано може да се игра на почетокот на септември, кога требаше да се играат првите дуели од новата сезона во Лигата на нации, во која Македонија е во Лига Ц. На 5 септември требаше да играме со Ерменија дома, а три дена подоцна со Грузија на гости.

- Оглас -

Најнови вести