Лил е експерт за продажба: Двајца играчи купени за вкупно 22 милиони евра ги продаде за 160 милиони евра!

Виктор Осимен со само 21 година успеа да се запише во историјата како најскап африкански фудбалер во историјата, откако голгетерот го комплетираше трансферот од Лил во Наполи. Репрезентативецот на Нигерија успеа да направи трансфер вреден 81,3 милиони евра, со само 27 одиграни меча во француското првенство, во кои даде 13 голови.

Минатото лето Лил за Осимен плати само 12 милиони евра за да го доведе од белгискиот Шарлерои. Напаѓачот не успеа да одигра ни една цела сезона во Франција, бидејќи таа беше прекината поради пандемијата со Коронавирусот, но и тоа што го покажа во дресот на Лил беше доволно за историски трансфер. Наполи никогаш претходно немаше платено толку пари за еден играч.

За Лил ова не е прв гигантски трансфер на еден играч. Минатото лето Лил го продаде Николас Пепе во Арсенал и тоа за сума од 79 милиони евра. Претходно францускиот тим потроши само 10 милиони евра во 2017 година за да го купи Пепе.

Ако се гледаат трансферите на Пепе и Осимен, Лил во само два летни трансфер периоди успеа да продаде двајца играчи и да добие 160 милион евра, а претходно за нивно доведување платил еднај 22 милиони евра. Едноставно Лил е клубот од кој треба да учат сите екипи во Европа.

- Оглас -

Најнови вести