Лил издржа шест месеци, но сега веќе не може да одолее на понуда од 40 милиони евра за Ботман

Холанѓанецот Свен Ботман конечно ќе биде член на Њукасл, откако Лил ја прифати понудата од 40 милиони евра за да го продаде стоперот кој е фудбалски производ на познатата Академија на Ајакс.

Англиските и француските медиуми објавија дека Лил конечно по шест месеци отпор ја прифатил понудата на Њукасл, клуб кој се обиде да го ангажира 22-годишниот Холанѓанец и во јануари годинава, односно во змискиот преоден рок.

Раководството на Лил и тогаш и сега неколкупати ги одбиваше понудите на „црно-белите“ од Англија, а за Свен беше заинтересиран и Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести