Актуелниот француски првак Лил, минимално со 1:0 го победи Пари Сен Жермен и го освои трофејот во Суперкупот на Франција. Со овој меч меѓу шампионот и освојувачот на Купот, се отвори новата сезона во Франција.
Клучниот момент на мечот се случи во последната минута од првото полувреме кога Џека го матираше Кејлор Навас и погоди за 1:0 за Лил.
53′ A little first-half Xeka joy
#LOSCPSG 1-0 pic.twitter.com/hovaSjT6Ke
— LOSC Lille EN (@LOSC_EN) August 1, 2021
Во второто полувреме ПСЖ се обидуваше да израмни, но одбраната на шампионот не попушти и на крајот остана 1:0.
Кај ПСЖ ги немаше главните ѕвезди Нејмар, Килијан Мбапе, Ди Марија, Маркињос, Верати, а не настапија ниту новите засилувања Серхио Рамос и голманот Џиџи Донарума.