Лилард блесна со 39 поени и собори рекорд стар четири децении, Милвоки ја доби драмата со Филаделфија (Видео)

Демијан Лилард имаше деби од соништата за Милвоки и со 39 поени беше предводник на својата екипата во победата од 118-117 над Филаделфија. Воедно учинокот од 39 поени е клупски рекорд за најголем број поени постигнати од страна на еден дебитант во екипата. Претходниот рекорд беше соспственост на Тери Кемпингс, кој постигна 34 поени на своето деби за Милвоки во 1984.

Јанис Адетокумбо додаде 23 поени во победата на Милвоки над Филаделфија и за него тоа беше историска вечер бидејќи стана најдобриот стрелец во клупската историја со 5.905 поени, надминувајќи го легендарниот Карим Абдул-Џабар, кој има 5.902 поени за Милвоки во периодот од 1969 до 1974 година.

Уште еден интересен факт е тоа дека последните 11 поени за Милвоки на натпреварот беа дело на Демијан Лилард.

На вториот синоќешен натпревар, ЛА лејкерс го победија Феникс со 100-95 со голем пресврт што го направија во последниот период. Дејвис со 30 и Леброн Џејмс со 21 поен беа предводници на Лејкерс, додека залудни останаа 30-те поени на Дурант за Феникс.

- Оглас -

Најнови вести