Лилард е брилијантен, за него не е проблем да погоди и од кош на кош (Видео)

Демиен Лилард игра брилијантно на почетокот на 2023 година и е вистински лидер на Портланд трејлблејзерс во битката за пласман во плејофот во НБА-лигата.

Ноќеска бекот на Портланд одигра симултанка со одбраната на Мемфис гризлис и постигна 42 поени со 10 асистенции и 8 скока во победата од 122:112.

За Лилард не е проблем и да погоди од огромна далечина, а третата четвртина ја заврши со поени од кош на кош.

Лилард имаше цела серија извонредни поени и доминираше на паркетот во „Федекс форум“ во Мемфис.

Гостите од Портланд губеа и со двоцифрена разлика, најмногу со 10 поени во третиот период, но успеаја да победат со пресврт.

За Лилард ова беше 15-ти натпревар со најмалку 40 поени и 10 асистенции, со што го мина легендарниот Џери Вест на петтото место на вечната листа на НБА.

Најдобриот кошаркар на Портланд има просек од 43 поени на послендите четири меча и се проби на шестото место со најдобри стрелци во лигата со просек од 30.4 поени.

Резултати: Мемфис – Портланд 112:122, Филаделфија – Орландо 105:94, Бостон – Бруклин 139:96, Хјустон – Оклахома 112:106, Минесота – Голден стејт 119:114 по продолженија, Сан Антонио – Сакраменто 109:119, Јута – Торонто 128:131, Феникс – Атланта 100:132.

- Оглас -

Најнови вести