Лилард не сака сезоната да продолжи: Летото е период за одмор

Најатрактивната кошаркарска лига во светот е во застој на неодредено време поради пандемијата со Коронавирусот. Засега се разгледуваат неколку опции како би се довршила прекинатата сезона, бидејќи ако се стави крај, клубовите ќе бидат во огромна загуба.

Во однос на тоа како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата, една од опциите е сезоната во НБА-лигата да се доигра во летниот период, но не сите кошаркари се сложуваат со таа идеја. Еден од нив е ѕвездата на Портланд, Демиен Лилард.

„Нашата пауза од клупските обврски е налето, би била вистинска штета доколку останеме без периодот за одмор и уживање. Јас сакам летото да ми биде слободно и не се согласувам да се прават промени во системот на натпреварувањето. Сезоната треба да се игра како и досега, Олстарот да се одржи во февруари, регуларната сезона да се игра до април, а потоа плејоф. Финалната серија е предвидена за јули, а потоа следува периодот за одмор“, истакна Лилард.

Доколку се донесе одлука прекинатата сезона да се доигра во летниот период, тоа би значело дека новата сезона ќе започне во последниот месец од годината и би се играла до летото 2021 година, па така кошаркарите би останале без два летни периоди за пауза.

- Оглас -

Најнови вести