Лилард со првиот трипл-дабл во кариерата го растури Хјустон (видео)

Портланд го доби дербито против Хјустон со конечни 125:112 во мечот кој Демиен Лилард ќе го памети по неговиот прв трипл-дабл учинок во кариерата. Лилард ги предводеше Блејзерси до 21-та победа, односно втор триумф над Ракетите во досегашните три меѓусебни средби.

Ѕвездата на домаќините беше незадржлива, за 39 минути на паркетот реализира 36 поени, 11 асистенции и 10 скока, со одличен процент на реализација за три поени (50%) 6/12. Меколум го следеше својот соиграч со 22 поени, а со 21 поен за победата придонесе и Ариза.

На другата страна најефикасен беше Вестбрук со двоен учинок од 39 поени и 10 скока, а му недостасуваа 4 асистенции за трипл-дабл. Харден беше неизвесен за оваа пресметка, но сепак се појави на теренот, а за 38 минути игра Брадата реализира само 18 поени.

Останати резултати од НБА-лигата:

Сан Антонио – Јута 127:120, Индијана – Чикаго 115:106, Бруклин – Детроит 125:115, Њујорк – Мемфис 106:127, Сакраменто – Оклахома 100:120.

- Оглас -

Најнови вести