Лина Ѓорческа освои само три гејма во полуфиналето во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, претрпе пораз во полуфиналниот натпревар на турнирот на земјена подлога кој се игра во Анталија, за награден финд од 15.000 долари.

Лина претрпе убедлив пораз од Магдалена Пантучкова од Чешка со 1-6, 2-6. Ѓорческа имаше улога на втор носител на турнирот и требаше да биде фаворит, но Пантучкова неделава игра добро и лесно ги совлада сите противнички на патот до финалето.

За Лина останува малку да одмори и потоа да се обиде го добие финалето во двојки, и заедно со дубл партнерката Маријана Дражиќ од Хрватска, попладнево да го освојат турнирот во својки. Противнички им се Холанѓанките Ведер и Вишер кои се втори носителки.

- Оглас -

Најнови вести