Лина ич не е фина кон противничките на шампионатот на Источна Европа

Лина Ѓорческа реди победи на егзибицискиот шампионат на Источна Европа, а и денеска славеше без загубен сет против Тијана Сретеновиќ.

Тинејџерката од Србија која има само 15 години и е голем талент се обиде да ја изненади нашата тенисерка, но сепак пресудија квалитетот и искуството.

Ѓорческа го доби првиот сет со 7:5 по голема борба, а потоа повторно успеа да направи брејк за победа. Вториот сет ѝ припадна на Македонката со 6:4 за втор триумф и сет-количник од 4:0 во групата со пет тенисерки.

Утре на мегдан на разиграната тенисерка од Тетово на мегдан ќе ѝ излезе Турчинката Чемре Анил, која доживеа тежок пораз од 0:6, 0:6 во првиот меч на турнирот против Викторија Томова од Бугарија.

Токму Томова и Ѓорческа се на првите две позиции во својата група и се главни фаворитки за врвот.

- Оглас -

Најнови вести