Линдзи Вон ја одложи пензијата

Линдзи Вон се огласи преку социјалните мрежи дека ќе учествува во спуст и на трките во супервелеслалом во Санкт Антон, Австрија. Четирикратната освојувачка на Кристал глоуб најави дека планира да стави крај на кариерата по крајот на сезоната 2018/19, но го одложи.

Таа закрепнуваше од повреда на коленото со која се здоби во ноември, за време на еден тренинг во скијачкиот центар Копер Маунтин во САД.

„Уште не завршив со скијање. Зад мене се шест тешки недели, но повторно се качив на скии и се радувам на мојот камбек. Се гледаме во Санкт Антон овој викенд“.

Од најуспешната скијачка на сите времиња се очекува да се појави и на Светското првенство во Орео, Шведска, кое ќе се одржи од петти до 17-ти февруари.

Спустовите во Санкт Антон се предвидени за во сабота, со почеток од 11.45 часот, додека трките во супервелеслалом се закажани ден подоцна, со старт од 11.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести