Гари Линекер своевремено беше англиски фудбалски репрезентативец, дел од таа селекција на којашто Марадона ја постигна „божјата рака“.
Линекер, којшто во моментов е еден од најпознатите фудбалски аналитичари, даде едно навистина интересно видување за тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиња.
„Меси и Роналдо се вонземјани и тука нема збор. Едниот е уметник, другиот ги урна сите граници на природата. Но, тоа што го правеше Марадона со фудбалот, едноставно не може да се опише.
Мислам дека до сега во историјата на овој спорт не се родил таков мајстор којшто беше поврзан со фудбалот, како да го контролира со мозокот. Тоа што го имам видено и почуствувано не му го посакувам на никој фудбалер.
Иако Марадона ми беше ривал и ја постигна таа божја рака против нас, едноставно не можеш да му се лутиш бидејќи тој е фудбалски гениј“ изјави Линекер.