Џеси Лингард следната сезона ќе игра во дресот на новиот англиски прволигаш, Нотингам форест. Англискиот офанзивец потпиша едногодишен договор со некогашниот двократен европски шампион, а наводно ќе заработува вртоглави 200.000 фунти на неделно ниво.
Лингард прво на социјалните мрежи се пофали и објави видео во кое потврди дека договорот е склучен носејќи го шалот на Нотингам, а потоа и клубот го официјализира ангажманот.
https://twitter.com/JesseLingard/status/1550176990099083264