Лино Червар четири дена во болница, можеби му следува уште една операција!

Хрватскиот ракометен тренер Лино Червар минатата недела имал операција, му ваделе камен од бубрег, четири дена бил во болница, му ставиле катетер, а проблемите да бидат поголеми, тој има болки во грбот, па по снимките на магнетна резонанца, ќе се знае дали 70-годишниот тренер ќе треба да оди на уште една операција.

Додека ја водел репрезентацијата во Египет, примил 30 инјекции против болките во грбот, па останува да се види дали на Лино ќе мора да му се изврши нов оперативен зафат или ќе може проблемот да се реши на поконзервативен начин.

- Оглас -

Најнови вести