Лино Червар откри која е тајната за победата над Германија, ова треба да е лекција и за нашите ракометари

Хрватите се херои на денот на Европското првенство во Виена. Коцкестите продолжија со перфектниот настап, откако вечерва во неверојатно драматичен меч ја победија Германија.

Интересно е тоа што Хрватска водеше само со 1:0 и 2:1, а наредната предност ја стекнаа за 25:24, што беше и конечен резултат. Во текот на двете полувремиња Германија водеше со по пет гола, но Хрватите не се предадоа и стигнаа до голема победа. Селекторот Лино Червар кој во минатото беше и на клупата на македонската ракометна репрезентација, откри што е причината за успех.

„Ова е навистина нешто посебно. Морам да им се заблагодарам на момците кои ги прифатија моте совети на полувремето дека не прифаќам пораз. Тоа постојано го зборувам, дека може да се загуби само кога ќе се откажеш. Цело време бевме во негатива, ја бркавме нивната предност. Мислеа дека физички ќе не скршат, но ние не се откажавме. Ја вративме Хрватска таму каде што и е местото“, рече Червар.

Интересен беше и еден од тајм-аутите на Червар во првото полувреме, а што им кажа тогаш, може да прочитате ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести