Лион сè поблиску до квалификациите во ЛШ

Лион со минимални 2-1 го совлада Анжер во мечот кој се одигра во рамките од 33-тото коло во Лига 1. Избраниците на Бруно Женесио без проблеми ја оставарија 17-тата победа сезонава во францускиот шампионат, закпрепнувајќи од двата последователни порази од Нант и Дижон.

Лион сега има 59 бода и повторно е на шест бода предност во однос на четвртопласираниот Сент Етјен, па така направија голем чекор кон пласман во Лигата на шампиони втора година во низа, односно пласман во квалификациите преку кои ќе се борат за групната фаза.

Депај погоди по 14 минути игра, а Терие во 38-та минута ја продолжи голгетерската форма и го постигна петтиот гол на последните пет првенствени средби. Анжер со авто-голот на Тусар намали на 2-1 во 89-тата минута од мечот.

Терие постигна и втор погодок во овој дуел, но судијата го поништи истиот поради недозволена позиција на фубдалерот на домаќините.

- Оглас -

Најнови вести