Лионел Меси упорен да се сретне со Лионел Меси

Суперѕвездата на Барселона и на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, е пример за милиони деца во светот, а родителите на едно дете од Бразил, направија синот да им биде поблизок со славниот фудбалер.

Бразилците Габриел и Лисијане во 2012 година својот новороден син си го крстија Лионел Меси. Малиот шестгодишен Меси Маер дос Сантош тренира фудбал и игра како напаѓач (не е левучар како Аргентинецот Меси), а неодамна го искористи присуството на својот идол во Бразил за да се обиде да го види во живо на тренинг пред двобојот на Аргентина и Катар во Порто Алегре. Мајката немала пари за да плати билети за мечот, па беше испуштена шансата малиот Лео да се запознае со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Сепак, до средба не дојде. Семејството е упорно и побара средба со Меси, а сега се чека одговорот од Аргентинецот кој моментно е во Рио де Жанеиро каде в петок вечер игра со Венецуела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести