Липи им кажа збогум на Кинезите

Марчело Липи не е повеќе селектор на Кина откако му заврши договорот со Фудбалската федерација на оваа земја. Се шпекулираше дека Кинезите ќе му понудат нов договор, но Липи одлучи да си замине.

„Ми заврши договорот и можам да кажам дека ова беше пријатно искуство за мене. Да се биде селектор на земја како Кина, е одлична работа, но сега дојде време и за разделба“, изјави Липи.

Тој во 2016 година прифати да биде селектор на Кина, земја која вложува многу во фудбалот од почетокот на овој милениум, но нема видливи резултати. И покрај тоа што плаќаат огромни суми за познати странски фудбалери да играат во ниванта домашна лига, напредок со репрезентацијата нема.

Тоа го покажа и четврт-финалниот дуел на Азискиот куп против Иран, кога репрезентативците на Кина правеа почетнички грешки, по кои Иран постигнуваше голови и лесно победи со 3-0.

- Оглас -

Најнови вести