Липи за дербито на Италија: Јувентус е конкретен и посветен, Интер игра подобро!

Прославениот италијански стручњак, Марчело Липи, под чие водство Италија стана светски првак во 2006 година, а ги има водено и Јувентус и Интер, смета дека овие два тима ќе ја водат главната битка за Скудетото сезонава.

Вечерва во Торино се големото дерби, а Липи даде свое видување за шансите на двата тима.

„Ми се допаѓа конкретността на Јувентус и посветеноста. Не играат спектакуларно, ама фокусирани се. Интер игра подобро и многу е силен. Ќе биде интересно да ги видиме едни против други. Тоа што Јувентус не игра во Европа може да биде голема предност за нив, многу помага ако немате европски мечеви среде недела. Интер ќе треба да ја зачува свежината и да најде мотивација за играње коло по коло“ – вели Липи.

- Оглас -

Најнови вести