Липи за италијанскиот фудбал: Штом не можеме да ја победиме Македонија…

Еден од најголемите италијански фудбалски стручњаци, Марчело Липи, смета дека италијанскиот фудбал е во криза затоа што во лигата играат многу странци и веќе немаат ѕвезди од типот на Алесандро дел Пјеро или Франческо Тоти.

Липи беше селектор на Аѕурите во 2006 година, кога за последен пат беа светски шампиони. Потоа Италија или испаѓа уште по првата групна фаза или воопшто не игра на Мундијалите.

„Не мислам дека италијанскиот фудбал е во криза, но штом не можеме да ја победиме Македонија, значи дека чашата е полупразна. Европски прваци сме, Манчини врши одлична работа, освен за мечот со Македонија. Ако има некој што го познава италијанскиот фудбал, тогаш тоа е тој и треба да остане селектор“, смета Липи.

Што се однесува до трката за титулата во Серија А, Липи одби да каже кој е негов фаворит, го пофали Интер дека е во најдобра форма во последните две-три кола, не верува дека Јувентус е кандидат за Скудетото, но не го отпиша Наполи.

„Тоа што поразот на Наполи од Фиорентина се нарекува кикс е само збор којшто го сакаат новинарите. Што правиме ако Наполи ги добие сите шест натпревари до крајот на сезоната?“, вели Липи.

- Оглас -

Најнови вести