Ливерпул е фаворит, ама кога играше претходниот пат со денешниот противник, загуби со 0-4

Мајнц е клуб во кој Јирген Клоп мина цели 18 години како играч и тренер, а омилениот германски клуб на популарниот тренер е денешен противник на Ливерпул, на чија клупа седи Клоп.

Клоп попладнево за дуелот со Мајнц ќе може да смета и на некои од првотимците, па затоа Ливерпул е фаворит според квотите, но треба да се знае и еден друг податок: во 2016 година, кога овие два тима исто така се сретнаа во подготвителниот период, конечниот резултат беше 4-0 за Мајнц. И тогаш на клупата на Ливерпул беше Клоп.

Денешниот меч ќе се игра во австриското место Гродиг, каде што има стадион со 3.500 седишта и сите столчиња ќе бидат исполнети со публика.

Откако Клоп е тренер на Ливерпул, тој од Мајнц го има купено само голманот Лорис Кариус.

- Оглас -

Најнови вести