Ливерпул е “црвен“: Салах го реши Мерсисајд дербито (Видео)

Мохамед Салах е човекот на одлука во големото Мерсисајд дерби на Ливерпул. “Црвените“ одиграа сигурно и победија со 2-0, со двата погодоци токму на репрезентативецот на Египет.

Салах беше прецизен во 75-тата минута од пенал, а потоа стави печат на победата во 97-мата минута за конечни 2-0 за Ливерпул.

Екипата на Евертон од 37-мата минута играше со играч помалку, откако Ешли Јанг доби втор жолт картон, автоматски и црвен.

Ливерпул со оваа победа се израмни со бројот на бодовите со Тотенхем и Арсенал, со по 20 на врвот на премиерлигашката табела.

- Оглас -

Најнови вести