Ливерпул го претстави своето засилување за одбраната кое доаѓа од Престон

Ливерпул го комплетираше договорот со 25-годишниот Бен Дејвис, дефанзивец кој доаѓа од Престон Норт Енд, тим кој се натпреварува во Чемпионшип.

„Ова е огромна можност за мене. Бев изненаден кога ми се јавија, среќен сум што сум тука. Досега никогаш немав стапнато на Енфилд, ова ми е првпат. Набрзина разгледав наоколу, видов дека теренот е како тепих, не ни очекував нешто друго“, вели Дејвис, кој има исто име и презиме како фудбалер на Тотенхем, па првично имаше забуни на таа тема.

Дејвис во Ливерпул ќе носи дрес со бројот 28.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести