Ливерпул вечерва загуби со 0:1 од Интер, но оди понатаму во Лигата на шампионите благодарение на победата во Милано од 2:0.
И што е многу интересно, ова им е прв пораз по цели 12 месеци, а повторно падна на „Енфилд роуд“ во март, на денот што е празник на дамите.
Лани Фулам победи на 7 март, а резултатот беше идентичен како и вечерва, 0:1 за гостите.
Тогаш стрелец беше Марио Лемина, а вечерва фантастичен гол постигна Лаутаро Мартинес за Пирова победа на Интер и прв пораз на Ливерпул на „Енфилд роуд“ по една година.
https://twitter.com/birdiefootball/status/1501308700883099658?s=20&t=fGUi1EuEqh1ZDSJVe7mEcQ

