Ливерпул и Арсенал лани си дадоа 10 гола во Лига купот, јасно е дека и вечерва ќе има голови

1107 Ливерпул – Арсенал (20:45 ч.)

Не може да се заборави ланското шоу што го направија овие два тима во Лига купот, кога по 90 минути игра, беше неверојатни 5:5, а Ливерпул на крајот на пенали се радуваше на пласман понатаму. Ливерпул и Арсенал на „Енфилд роуд“ играа и пред три дена, а англискиот првак победи со 3:1.

Ако се знае дека на 11 од последните 12 меѓусебни меча било гол-гол ситуација, а дури осум завршиле најмалку со 4 гола, тогаш јасно е дека најлогичен тип за овој меч е да има погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ 4+ (2.60)

 

6710 Малме – Гранада (19 ч.)

Малме игра на свој терен, но, сепак, фактот дека Гранада е екипа која доаѓа од шпанското првенство, ги прави гостите фаворити. Шведскиот тим е во одличен натпреварувачки ритам затоа што таму се одиграа 22 кола во првенството, а Малме е убедлив лидер.

Фактот дека Малме има само два порази во првенството, дава доза на претпазливост за Гранада, која има две победи и пораз по три меча во Примера.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.98)

 

6722 Глазгов ренџерс – Галатасарај (20:45 ч.)

Секогаш било „жешко“ кога екипа од Турција игра во Велика Британија. Двете екипи се полни со оптимизам, што е јасно ако се знае дека во последните 10 меча кои ги имаат одиграно, не загубиле ниту еднаш. Ренџерс и Галата имаат играно пред 20 години во групната фаза од Лигата на шампионите, а гигантот од Истанбул има победа и реми.

Сега се игра еден меч по кој треба да се дознае патникот во групната фаза од Лигата на Европа. Се очекува да се игра без калкулации, па ако во првото полувреме даде гол една од екипите, другата автоматски ќе мора да се отвори.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

 

6711 Розенборг – ПСВ Ајндховен (19 ч.)

Тоа се две екипи кои добро се познаваат затоа што пред помалку од една година играа два меча во групната фаза од Лигата на Европа. Сега само еден од овие два тима ќе игра во групите. Лани ПСВ покажа дека е поквалитетен и со 4:1 славеше на гости во Норвешка, а во последното коло, кое ништо не решаваше, дуелот заврши 1:1. И во претходните два меча од 2004 година, ПСВ е поуспешен со две победи над Розенборг.

Историјата, но и актуелните состави на двата тима го прават гостинот голем фаворит, па затоа се игра „двојка“.

Предлог тип: 2 (1.77)

 

6718 Базел – ЦСКА Софија (20:30 ч.)

Реално, Швајцарците се многу попознат тим во европски рамки, но не треба да заборавиме дека ЦСКА летово го елиминираше БАТЕ Борисов. Базел лошо стартуваше во првенството и нема победа по првите две кола, па затоа корекција бара на европската сцена.

ЦСКА е квалитетен тим, но тешко дека ќе има сили за победа на гости и влез во ЛЕ.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

- Оглас -

Најнови вести