Ливерпул и Арсенал се натпреваруваа кој нема да шутне на гол

Ливерпул и Арсенал одиграа скромно прво полуфинале во Карабао купот на Англија, што заврши без голови на „Енфилд роуд“.

Во чуден меч двете екипи како да се натпреваруваа кој нема да шутне на гол, па имаше само по еден директен удар во рамките на голот.

Ливерпул играше без Мане, Салах и Кејта, кои се на Африканскиот куп на нациите, но и тоа не е оправдување за ремито без голови бидејќи домаќините играа со фудбалер повеќе.

Во 24-тата минута директен црвен картон доби Гранит Џака, но Арсенал успеа да одигра нерешено.

И Топчиите имаа отсутни, па во првото полуфинале играа без Обамејанг, Елнени, Парти и Пепе, кои играат на АФКОН, но и без Одегард, кој има корона-вирус и без Томијасу и Смит-Роу.

Вториот меч ќе се игра во Лондон на 20 јануари, а победникот ќе игра за пехарот против Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести