Европа повторно е во знакот на фудбалот и денеска, а на програмата се нови мечеви од топ-5 лигите, тука е и Карабао купот во Англија и уште стотина натпревари од останатите првенства и купови.
Вообичаено, ќе се обидеме со дневна понуда од пет натпревари, со анализа да ви помогнеме да стасате до добивка.
Ливерпул – Челзи (20.45 часот)
Одмор за ѕвездите, респект за традицијата
Ако се погледне статистиката во последно време на дуелите што овие две екипи ги играле на „Енфилд роуд“, тогаш и не е потребна посебна анализа. На последните четири резултатот е ист, 1-1. И во последните неколку години двата клуба играат во рамките на квотата што ја нудиме од 2-4 голови.
Ливерпул има блескав старт на сезоната со максимален учинок во Премиер лигата и со победнички почеток и во Лигата на шампионите. Прашање е дали сега Јирген Клоп ќе комбинира со составот што гази сè пред себе или ќе играат главните ѕвезди и против Челзи. Ривалот од Лондон, исто така, е во голема форма, има само едно реми на шест дуели во Премиер лигата и е за два бода зад Ливерпул. Ривалитет меѓу двете екипи има, но дали и двата тренери ќе калкулираат со составите, со цел да ги одморат главните играчи, или ќе се игра до максимум, е главното прашање.
Сепак е 1/16-финале во таканаречениот Карабао куп и мечот не е „да се биде, или не“, па можно е на „Енфилд“ вечер да излезат комбинирани состави.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.05)
Борусија Дортмунд – Нирнберг (20.30 часот)
„Милионерите“ повторно со милион проблеми, шанса за Нирнберг да ја прекине црната серија
Борусија повторно има многу проблеми со повредени играчи, а на последните неколку натпревари наизменично не играа Геце, Гереиро, Пако Алкасер, го нема и Топрак, а против Нирнберг нема да игра ниту Диало. Тој беше исклучен на претходниот меч со Хофенхајм и нема право на настап.
Популарните „милионери“ сепак успеваат одлично да се борат со кадровските проблеми и немаат пораз во новата сезона. И денеска се фаворити против Нирнберг, една од екипите која им „лежи“ според резултатите во минатото.
Од 2006 година на „Вестфален“, или како што сега се нарекува „Сигнал Идуна парк“, Нирнберг нема постигнато гол. Чудесни 12 години гостите од Баварија постат и немаат рецепт како да ја затресат мрежата на гостувањата кај Борусија.
Сега имаат шанса да ги искористат кадровските проблеми на домаќините, но Нирнберг е една од екипите што игра многу послабо на гостински отколку на домашен терен. Сепак, време е за гол на Нирнберг во Дортмунд и прекин на црната серија без погодок на „Вестфален“ цели 12 години.
Предлог тип: ГГ3+ (2.45)
Јувентус – Болоња (21.00 часот)
„Старата дама“ во атак на нова победа
Во Торино вечер се знае кој е фаворит. Јувентус е неприкосновен во Италија, повторно е апсолутен фаворит за титулата, а на гости му доаѓа еден од омилените ривали, Болоња. Екипа што ја нема победено „старата дама“ од 2011 година, или на последните 13 натпревари.
Јувентус го победи денешниот ривал на последните пет дуели во Торино и би било големо изненадување ако така не биде и вечерва, од 21 часот на „Алијанц стадионот“.
Голем адут на домаќините ќе биде Кристијано Роналдо. Португалецот почна скромно во црно-белиот дрес, но сега веќе е прв стрелец на Јувентус со три погодоци. Лут е по кавгата со челниците на ФИФА и на УЕФА, па можно е сметката да ја плати Болоња, екипата која изненади со триумфот против Рома, но игра мошне слабо против Јувентус.
Предлог тип: 1-1&2-5 (2.15)
Севилја – Реал Мадрид (22.00 часот)
Во Андалузија се чека и четвртата петка
Петките се во мода на дуелите меѓу Севилја и Реал Мадрид, а вечерва на „Санчес Писхуан“ гледачите очекуваат нова голеада и четврта петка.
На последните три меча меѓу екипите чиј симбол е белиот дрес имаше точно по пет голови. Реал двапати победи, еднаш со 4-1, потоа и со 5-0, а Севилја го доби последниот меѓусебен меч со 3-2.
Одличен податок како прилог кон типувањето е популарниот „три плус“ на последните 11 натпревари на овие две екипи.
Реал Мадрид одлично се снаоѓа и во пост-ерата на Роналдо, односно и без португалскиот ас, а на Севилја мора да ѝ се оддаде признание. Андалузијците храбро се борат против сите пехови, откако дури четворица фудбалери на оваа екипа од почетокот на новата сезона имаа скршеници на рака, или нога.
И со такви проблеми Севилја игра врвен и ефикасен фудбал. На последните два дуели постигна неверојатни 11 голови. И вечер ќе имаат мотив да го надиграат Кралскиот клуб, а и Реал има многу ефикасни офанзивни решенија, па изборот се чини и не е многу тежок.
Предлог тип: ГГ4+ (2.28)
Валенсија – Селта (22.00 часот)
„Месталја“ чека гол од август
Валенсија е во голема криза, тимот нема постигнато гол на последните три натпревари, или цел месец, а на „Месталја“ гледачите чекаат погодок од август.
Во сосема спротивен тренд е Селта, екипа која е екстра ефикасна, а и прима доста голови. Вечер проблем за Валенсија е што нема да игра Дани Парехо, еден од моторите на екипата. Без него, иако во последно време не игра во добра форма, Валенсија е сосема поинаква екипа. Креацијата на играта ќе биде проблем против Селта, но Валенсија има императив и само еден избор, триумф и три бода против Селта.
Тимот од Виго е опасен, особено добро ги изведува контранападите, па и тука се очекува меч со доста голови. Тоа го поткрепува и статистиката, која вели дека на последните 7 дуели меѓу Валенсија и Селта секогаш имало барем по еден гол во двете мрежи.
Предлог тип: ГГ3+ (1.92)