Ливерпул и германски второлигаш дадоа осум гола на контролен натпревар, дури седум паднаа во второто полувреме (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул кои се подготвуваат за новата сезона, одиграа ефикасен контролен натпревар против германскиот второлигаш Гројтер Фирт на кои беа постигнати дури осум гола.

Мечот заврши без победник, но беше исполнет со пресврти во вторите 45 минути. Во првото полувреме беше постигнат само еден гол, тој на Луис Дијас во 22-та минута.

Во првата минута од вториот дел, Грин израмни на 1:1, по што на сцена стапи Дарвин Нуњес кој даде два кола за девет минути.

Но, потоа за десет минути, од 67-та до 77-та, Гројтер Фирт постигна три гола и направи пресврт. Иако е контролен натпревар пред стартот на сезоната, Ливерпул од пораз го спаси Мохамед Салах и тоа со гол во 89-та минута.

- Оглас -

Најнови вести