Пред 10-тина дена Ливерпул загуби на гостување кај овој ривал со 3:0, а сега 75 отсто веруваат дека Црвените ќе победат

Ливерпул сезонава игра многу лошо на гостински терен, а тоа се потврдува само со двете победи на девет гостувања во првенството на Англија. На последното гостување кај Брајтон, Црвените беа поразени убедливо со 3:0 во Премиер лигата, а сега овие два тима ќе играат во 16-финалето на ФА купот и повторно Брајтон е домаќин.

Брајтон е во одлична форма и има три победи и едно реми во 2023 година, а Ливерпул во Новата година е со слаб биланс од два порази, две нерешени и само една победа. Сепак, ниту резултатот од последниот меѓусебен дуел, како и актуелната форма на двата тима не е доволен податок за прогнозерите да имаат повеќе доверба во Брајтон отколку во Ливерпул.

Дури 75 отсто од досега направените прогнози се за „двојка“ и победа на Ливерпул, додека едвај 12 отсто очекуваат Брајтон да се радува.

Освен овој меч во ФА купот, во понудата за ова коло на Спортска прогноза има уште 12 интересни средби, а мисија за секој прогнозер е да се обиде да погоди Среќна 13-ка, односно да ги погоди точните типови на сите понудени дуели.

Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, а прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести