Храбар е Лидс – Двапати ја тресеа мрежата на шампионот, првиот гол е ремек-дело (Видео)

Лидс игра одлично прво полувреме во премиерниот меч во Англија за шампионот Ливерпул и за првакот во Чемпионшип на „Енфилд Роуд“.

Ливерпул води со 3:2 по првиот дел во ефикасен меч со многу ефектни акции и убави голови.

Првакот трипати водеше, Лидс двапати израмни, а првиот гол на гостите беше вистинско ремек-дело. Новиот репрезентативец на Англија Кевин Филипс испрати прекрасна долга топка, а Џек Харисон се поигра со ѕвездите на шампионот, Александер-Арнолд и Гомес и израмни на 1:1.

https://twitter.com/FootballGoalss_/status/1304823238913150977?s=20

Претходно од пенал Мо Салах му донесе предност на актуелниот првак, а потоа и Вирџил Ван Дајк повторно му донесе водство на Ливерпул, но Бамфорд постигна гол за 2:2.

https://twitter.com/FTTV10/status/1304827934604222466?s=20

За трета среќа на Ливерпул и водство од 3:2 со уште еден фантастичен гол на мечот на „Енфилд Роуд“ се погрижи Мо Салах во 33. минута.

https://twitter.com/FTTV10/status/1304828295326978048?s=20

За Лидс во стартната постава не се најде нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, кој е на клупата за резерви кај гостите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести