Ливерпул ја одреди цената на Салах: Клубовите од Саудиска Арабија може да го купат со попуст!

Раководството на Ливерпул ја одреди цената за Мохамед Салах, со што станува јасно дека египќанецот налето ќе си оди од „Енфилд роуд“. Клубовите од Саудиска Арабија минатото мето нудеа 235 милиони евра за неговите услуги, но Ливерпул без размислување ги одби тие понуди.

Тому затоа е големо изненадување цената од „само“ 100 милиони евра која ја постави сега Ливерпул, што нема да биде проблем за клубовите од Саудиска Арабија.

Според шпекулациите кои ги изнесе поранешниот репрезентативец на Египет, Мидо, Салах веќе има потпишано договор со Ал-Ахли од Саудиска Арабија. Неговиот договор со Ливерпул истекува летото 2025-тата година, па јасно е дека Ливерпул сака да заработи на својата ѕвезда, која ја купи од Рома за 37 милиони евра во 2017-тата.

- Оглас -

Најнови вести