Ливерпул ја загуби титулата во Англија а доби и ужасни вести пред финалето од Лигата на шампионите

Ливерпул денеска за малку не успеа да дојде до титулата во Премиер лигата, откако Манчестер сити со голем пресврт на крајот ја совлада Астон Вила со 3:2.

Тимот од Енфилд пред своите навивачи го победи Вулверхемптон со 3:1, но на крајот тоа беше само „пирова“ победа. Но, за лошиот ден да се претвори во ужасен за навивачите на „црвените“ се „погрижи“ информацијата дека повредата на бутниот мускул е навистина сериозна.

„Не знам што точно се случи, но знам дека Тијаго не можеше да се движи добро. Ќе биде вистинско чудо ако успееме да го рехабилитираме за финалето од Лигата на шампионите“ изјави Јирген Клоп на прес конференцијата.

 

- Оглас -

Најнови вести