Ливерпул ќе биде „гостин“, а ја доби луксузната соблекувална за домаќинот во ЛШ

 

До финалето во Лигата на шампиони има повеќе од две недели, но веќе започна да се загрева атмосферата. Стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе биде домаќин на Тотенхем и Ливерпул. Од европската фудбалска федерација (УЕФА) стигна одлука, Ливерпул да ја добие луксузната соблекувална на Атлетико Мадрид, која е наменета за домаќинот, а тоа во оваа ситуација треба да е Тотенхем.

Сепак, Тотенхем нема да биде во таа соблекувална, туку ќе мора да биде во соблекувалната наменета за гостите. Ваквата одлука на УЕФА наиде на реакции од лондонскиот тим, но организаторот имаше свој одговор. Ваквата одлука е донесена по разговор со полицијата, бидејќи за влез во соблекувалната на Атлетико се влегува од страната каде што ќе бидат навивачите на Ливерпул, додека делот од гостинската соблекувална е на страната на трибината каде што ќе бидат сместени фановите на Тотенхем.

Погледнете ги двете соблекувални и видете која е разликата.

 

- Оглас -

Најнови вести