Ливерпул ќе го запре налетот на Кристал палас

Ливерпул – Кристал палас (фудбал, Англија, 21.15 часот)

Ливерпул има 20 бода предност на осум меча до крајот, па и да победи вечерва, нема да ја прослави титулата, туку ќе чека утре Сити да не триумфира против Челзи. По бледите 0-0 против Евертон, Црвените против себе имаат тим кој е во серија од четири победи по ред. Домашните се фаворити, тешко дека ќе си дозволат уште еден меч без да постигнат гол(ови). Иако нема да има публика, ќе знаат да го искористат мотивот да се игра на „Енфилд“ првпат по подолго време и поразот од Атлетико.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.05)

 

Аталанта – Лацио (фудбал, Италија, 21.45 часот)

Ова е дуел на двете најефикасни екипи во Серија А и тоа значи дека најреално е да се типува дека ќе паднат барем три гола. Кога се сретнаа есеноска во Рим, беше 3-3. Двата тима се во победничка еуфорија, римјаните го бркаат Јуве, а бергамците ќе играат за зацврстување на своето место кое води во ЛШ и со победа може да го отпишат Лацио од трката за титулата. Иличиќ е повреден и тоа е хендикеп за домашните.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.75)

 

Реал Мадрид – Мајорка (фудбал, Шпанија, 22.00 часот)

Реал има големи мотиви да ја победи Мајорка. Прво за да остане прв на табелата и сам да си ја решава судбината за титулата и второ да им врати на островјаните за поразот во октомври. Реал играше и во неделата, немаше многу време за одмор, па Зидан и овојпат малку ќе калкулира со составот. Најавата е дека можеби нема да играат Азар и Рамос, Каземиро е суспендиран, но сепак Кралевите имаат доволно квалитет да ги освојат трите бода.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.51)

 

Олимпијакос – ПАОК (фудбал, Грција куп, 20.30 часот)

Олимпијакос беше убедлив во првенството и сега атакува на двојна круна во Грција. Ова е полуфинале на Купот, во другиот дуел играат Арис и АЕК. Пирејците загубија во Солун со 2-3, па сега доволна им е и победа од 1-0 за да се најдат во финалето. Олимпијакос дома ги има добиено сите домашни мечеви против грчки тимови од 1 декември наваму, а последениот кикс им беше ремито со ПАОК. Солунските црно-бели непоразени се вратија од Пиреа при двете последни посети, но овојпат му даваме предност на домашниот тим.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Војводина – Партизан (фудбал, Србија куп, 19.00 часот)

Ниш е градот во кој ќе се игра финалето на српскиот Куп, а тоа значи неутрален терен, но и многу поголем број фанови на белградскиот тим. Војводина пред пет дена го победи Партизан со 1-0, но тоа беше лигашки меч без преголемо значење, финалето на Купот е нешто друго. Од 2017 година наваму не се случило нивен меѓусебен дуел да заврши нерешено. Ова е шанса да се освои некаков трофеј, борбата ќе биде голема, а тоа може да значи и малку голови.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.49)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Интер – Сасуоло 1-1 & 3+ (2.95)

Ливерпул – Кристал Палас 1 & 2-4 (2.05)

Реал Мадрид – Мајорка Т1 1+I & T1 3+ (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести