Ливерпул ќе мора да плати дополнителни 8,5 милиони фунти за Дарвин Нуњес

Дарвин Нуњес ја игра втората сезона во дресот на Ливерпул, а англискиот гигант уште плаќа пари за неговиот трансфер од Бенфика. Основната сума која ја плати Ливерпул за купување на Нуњес беше 64 милиони фунти, но во договорот постојат неколку клаузули, па со одредени бонуси тој трансфер може да достигне и до 85 милиони фунти.

Само по 10 одиграни меча во дресот на англискиот гигант, Ливерпул лани доплати 4,3 милиони фунти, а сега треба повторно да го „одврзе ќесето“ за да доплати нови 8,5 милиони фунти. Тоа е така затоа што Нуњес стигна до 60 натпревари во дресот на тимот од „Енфилд роуд“.

Во овие 60 средби за Ливерпул во сите натпреварувања, Нуњес постигна 22 погодока, но реално Уругваецот можеше да има уште подобар скор доколку погодуваше и од неколку ситуации кои беа потешко да се промашат.

- Оглас -

Најнови вести