33.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Ливерпул ќе плати 50 милиони фунти за францускиот репрезентативец

Офанзивниот играч за врска Набил Фекир во новата сезона би требало да го облече дресот на европскиот првак Ливерпул. Англискиот гигант веќе некое време се интересира за доведување на Фекир, а најавите се дека трансферот треба да биде комплетиран до крајот на неделава. Ливерпул за Фекир е подготвен да плати 50 милиони фунти, сума која ќе ја прифатат челниците на Олимпик Лион.

„Благодарни сме му на Набил за тоа што го направи во Лион, но ние имаме договор дека нема да му стоиме на патот доколку го има трансферот што го посакува“, рече претседателот на Лион, Жан-Мишел Аулас.

Изминатава сезона Фекир одигра 39 меча во кои постигна 12 погодоци, а имаше и девет асистенции. Целата досегашна кариера на овој 25-годишен играч е во тимот на Лион, каде што прв пат за сениорите има заиграно во 2013 година. Фекир има и 21 меч во дресот на француската репрезентација, а се израдувал и на два погодока.

 

- Оглас -

Најнови вести