Ливерпул купи српски талент, татко му беше познат фудбалер

Англискиот првак Ливерпул го договори доведување на 16-годишниот српски дефанзивец Стефан Бајчетиќ од Селта Виго. За овој талент кој може да игра и како лев бек, беше заинтересиран и Манчестер јунајтед, но претпочитал да го продолжи развивањето на „Енфилд“.

Зделката е направена во последните часови на 2020 година, бидејќи од денеска во сила влегуваат нови трансфер правила (англиските тимови веќе не смеат да купат малолетен играч), поради излегувањето на Велика Британија од Европската Унија. Црвените за Бајчетиќ на Селта ќе и платат 250.000 евра.

Стефан е син на некогашниот фудбалер на Војводина, Селта, Брага и Црвена ѕвезда, Срѓан Бајчетиќ. Стефан Бајчетиќ е четврти Србин кој потпишал за Ливерпул во 21 век, после Милан Јовановиќ, Лазар Марковиќ и Марко Грујиќ.

- Оглас -

Најнови вести