Ливерпул му даде 11 гола во последните два меча на противникот против кого ќе брка место во ЛШ

Ливерпул цела сезона се мачеше, а на крајот стигна во позиција сам да одлучува за тоа дали ќе игра во Лигата на шампиони следната сезона. Црвените на својот „Енфилд Роуд“ го пречекуваат Кристал Палас, тим кој е сигурен на средината на табелата.

Иако Ливерпул е голем фаворит, не смее да се заборави дека сезонава тимот на Јирген Клоп доживеа неколку шокантни порази на свој терен. Сепак, Кристал Палас е екипа која „му лежи“ на Ливерпул а тоа се потврдува и од последните два меѓусебни меча. Ливерпул пред шест месеци победи со убедливи 7:0 на гости против Кристал Палас, а на последниот меч на „Енфилд роуд“ беше 4:0 за домаќините. Традицијата вели дека фаворитот победувал на сите осум последни дуели.

Едноставно сега е доволно Ливерпул да ги освои трите бода и да биде сигурно четврти на табелата, без да се плаши од тоа дали Лестер ќе може да го помине.

Освен борбата за четвртото место, во последното коло од Премиер лигата ќе се води битка и за позициите кои водат во Лигата на Европа. Вест хем е на шестото место со 62 бодови, додека Тотенхем со 59 бода е на седмото место последно што носи излез во Европа. Свои шанси гледаат и Евертон кој исто така има 59 бодови, како и Арсенал со 58 бодови на деветото место.

 

- Оглас -

Најнови вести