Ливерпул на своите навивачи за Боксинг деј им подари прво место на табела

Ливерпул не дозволи изненадување и победи со 2:0 на гостувањето кај Барнли во меч од 19-тото коло на Премиер лигата. Со оваа победа и трите освоени бода, Ливерпул е прв на табелата со 42 бода.

На стартот од мечот, во шестата минута погоди Нуњес, и тоа со шут од далечина, а сите дилеми беа решени буквано во 90-тата минута, кога Диого Жота погоди за 2:0. Целосна доминација имаше тимот предводен од Јирген Клоп, кој упати дури 10 шута во рамките на голот на домаќините.

Од другата страна, Барнли немаше ниту еден удар во рамките на голот на Ливерпул, што доволно зборува за инфериорноста на домаќините.

- Оглас -

Најнови вести