Ливерпул најде замена за Мане меѓу Стршните

Додека се чека разврската околу трансферот на Садио Мане во Баерн Минхен, Ливерпул не седи со скрстени раце и веќе работи на случајот да доведе негова замена.

Мисијата може да се оствари брзо и лесно бидејќи Црвените целат на потписот на Жоао Педро, 20-годишниот напаѓач на Ватфорд, кој изминатава сезона испадна со Стршните од елитното англиско друштво. Младиот Бразилец моментално е вреднуван на 10 милиони евра според „трансфермаркт“, но Ватфорд сигурно ќе се обиде да изнуди побогата сума за својот талент.

Во меѓувреме Мане дојде чекор поблиску до преслеба на „Алијанц арената“ откако прифати тригодишен договор за да биде новата ѕвезда на Баерн, но допрва треба да се одреди сумата на трансферот. Околу 20 милиони евра засега претставуваат проблем за двата клуба да постигнат договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести