Ливерпул не успеа да го ангажира Чаби Алонсо, па сега ќе го купува левиот бек на Баер

Екипата на Ливерпул налето останува без својот предводник, Јирген Клоп, кој најави дека си оди од Енфилд. Прв фаворит за тренерската позиција кај „црвените“ беше Чаби Алонсо, најзаслужниот за успехот на Баер Леверкузен, но тој ја одби понудата и следната сезона останува на чело на „фармацевтите“.

Но, Ливерпул е решен летово да пазари од Леверкузен. Откако не успеаја да го ангажираат тренерот, сега сакаат да го купат нивниот лев бек, Алекс Грималдо. Шпанецот игра фантастична сезона и на 41 натпревари постигна 11 гола и подели 15 асистенции.

Неговата моментална вредност е 45 милиони евра, но сепак, во трката може да се вклучи и Баерн Минхен, кој во него гледа идеална замена за Алфонсо Дејвис, кој сосема сигурно ќе ги напушти „баварците“.

- Оглас -

Најнови вести