Ливерпул нема доволно играчи, одложено е полуфиналето во Карабао купот со Арсенал

Поради голем број заразени со ковид-19 во таборот на Ливерпул, утре нема да се игра второто полуфинале во Карабао купот на Англија, а интересно е што тоа ќе предизвика и промена на распоредот на двата меѓусебни дуели на двете екипи.

Арсенал требаше да биде домаќин на првиот меч закажан за утре од 20.45 часот на „Емирејтс“ во Лондон, но сега ќе го пречека Ливерпул во реваншот на 20 јануари.

Според одлуката на Фудбалската асоцијација на Англија, која и го одложи утрешниот натпревар, првиот меч ќе се игра на „Енфилд роуд“ на 13 јануари.

Вечерва првото полуфинале ќе го почнат лондонските ривали Челзи и Тотенхем со меч на „Стемфорд бриџ“ од 20.45 часот, а во реваншот на 12 јануари Спарс ќе бидат домаќини.

- Оглас -

Најнови вести