Ливерпул победи и испиша историја, а голманот на Шефилд си обезбеди трансфер (Видео)

Ливерпул ја прекина серијата од четири порази и со 2-0 славеше на гостувањето кај Шефилд јунајтед, па со новите три бода актуелниот првак се враќа во битка за пласман во Лигата на шампионите. Сега Црвените се шести, но имаат само два бода помалку од четвртиот Вест хем.

За Ливерпул во вистински момент дојде дуел со најслабиот тим во Премиер лигата. Ливерпул го „бомбардираше“ голот на домашните, но во првото полувреме не падна гол и за Црвените продолжи нивната голема неефикасност во првите полувремиња.

Но, само по три минути во вториот дел, и „октоподот“ Арон Рамсдејл, кој имаше пет одбрани, конечно прими гол и беше немоќен. Голот го даде 20-годишниот Кертис Џонс. Со ВАР-технологијата мораше да се утврди дали при центаршутот на Трент Александер-Арнолд топката беше во голаут.

Ливерпул зголеми на 2-0 во 64-тата минута, кога шутот на Роберто Фирмино се одби од ногата на Кин Брајан и топката заврши во мрежата. Тоа беше 7.000-ти гол за Ливерпул на прволигашки меч во Англија. Повеќе голови во историјата има дадено само Евертон.

https://www.youtube.com/watch?v=FUYT_asctQs

- Оглас -

Најнови вести