Ливерпул подобар од Палас ама само со човек повеќе, Салах со два јубилеи (Видео)

Ливерпул триумфираше на гостувањето кај Кристал Палас со 2-1, по што тимот на Јирген Клоп барем привремено се искачи на првото место на премиерлигашката табела. Ливерпул даде два гола од два шута во рамки на голот на противникот.

Мохамед Салах (76-та минута) и Харви Елиот (91-ва минута) беа стрелци на головите за пресврт.

Голот на Салах за 1-1 беше негов јубилеен 200-ти во дресот на Ливерпул, а 150-ти во Премиер лигата.

Салах е петти фудбалер во историјата на Ливерпул, со 200 постигнати голови за клубот, а прв кој не е Британец.

Освен тоа, Египќанецот се изедначи со Мајкл Овен на десеттото место на вечната листа на стрелци во Премиер лигата. Салах е прв Африканец со 150 гола во англиското првенство.

Погодокот на Салах падна само една минута откако Џордан Ају доби втор жолт картон и го остави Палас со човек помалку на терен, и тоа скапо ги чинеше домашните. Последната победа на Кристал Палас над Ливерпул е во 2017 година, а дома не го победиле Ливерпул цели девет години.

- Оглас -

Најнови вести