Ливерпул помага титулата да се пресели во Манчестер

На Ливерпул откако му беше прекината огромната серија од 68 меча без пораз на домашен терен, веќе не можат ни да дадат гол на свој терен, а актуелниот англиски првак вечерва загуби од Брајтон со 0-1. Ливерпул уште нема дадено гол на „Енфилд“ во 2021 година.

Сега Ливерпул има големи седум бода помалку од Манчестер сити, а Граѓаните имаат и еден натпревар помалку. Тие два тима ќе се сретнат меѓу себе за неколку дена и ако Ливерпул загуби, веројатно ќе се прости од одбрана на трофејот кој го освои лани по 30 години пауза.

Брајтон од март 1982 година немаше лигашка победа против Ливерпул, но вечерва триумфираше со првиот премиерлигашки гол во кариерата на Стивен Алзате.

Со вечерашната победа над Астон вила од 3-1 во меч на кој новото засилување Џеси Лингард беше јунак со два гола, Вест хем е само на два бода зад Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести