Ливерпул пролетва ретко победува, ама кога победува, тоа е газење

Ливершул го разби Лидс со 6-1 и со повеќекратна камата му врати за поразот на „Енфилд“ есеноска.

Мохамед Салах даде два гола и стана рекордер во Премиер лигата по број на голови со шутеви со лева нога, а сега има девет гола на шест дуели против Лидс. Два гола даде и Диого Жота, кој цела година, од април 2022 беше без погодок во Премиер лигата.

Лидс на последните два меча дома прими вкупно 11 голови, а 23 години немаат домашен триумф над Црвените. За Ливерпул заврши серијата од пет меча по ред без победа во сите натпреварувања, што беше најцрна низа за клубот откако на клупата е Јирген Клоп.

- Оглас -

Најнови вести