Ливерпул против Брентфорд е навикнат да дава по три гола

1103 Хартс – Хибернијан (16.00 часот)

Срцата во претходните четири кола имаа по две победи и ремија, и во многу подобра форма се од гостинот кој има четири порази во последните пет кола.  Двата тима имаат примено по 30 гола, но нападот на Хартс е поефикасен за осум гола, затоа и овој тим има пет бода повеќе. Хибернијан има само два нерешени резултати сезонава, последното реми им беше во август. Последните три меча на Хартс во шкотската Премиерлига беа со ГГ и 4+ голови, а и последните три меѓусебни пресметки на овие екипи беа со голови во двете мрежи.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.60)

 

1001 Брентфорд – Ливерпул (18.30 часот)

Ливерпул 2022 ја заврши со четири премиерлигашки победи по ред, посакува и во новата година да тргне со триумф. Но, и Пчелите одамна не знаат за пораз, во последните пет кола имаа две победи и три нерешени игри. Кај двата тима листата на повредени е прилично долга, особено кај Црвените, но и кај Брентфорд има хендикеп, повредата на првиот стрелец Тони. Во минатата сезона, Ливерпул на двата меча против Брентфорд даваше по три гола, но само еднаш тоа беше доволно за победа.

Предлог тип: 2 & 2-5 (2.00)

 

2848 Монпелје – Марсеј (19.00 часот)

Монпелје почна да излегува од криза, има серија од три меча по ред без пораз и сега е на четири бода над зоната на испаѓање, но проблемот е што на гости им доаѓа опасниот Марсеј кој освои максимални девет бода во претходните три кола, и се бори за второто место. Марсеј има 10 победи во 16 кола, дава во просек по два гола на меч, а Монпелје во просек прима речиси по два на меч. Традицијата е на страна на гостите, Монпелје од 2018 година нема победа во меѓусебните дуели.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

2849 Рен – Ница (21.00 часот)

Рен е една од најефикасните екипи во Франција, во првите 16 кола само ПСЖ даде повеќе голови од нив, а ситуацијата со Ница е обратна, тие имаат дадено само 15 гола, но и примени скромни 17. Ница во претходните пет кола немаше пораз, а Рен загуби на последниот меч во 2022 година. Рен често и дава и прима гол, а Ница најчесто игра тврди дуели со 0-2 гола, и традицијата е на нивна страна. Рен дома не загубил од август, но од 2015 не славел на свој терен против Ница.

Предлог тип: Х било кога (1.84)

 

1023 Квинс Парк Р. – Шефилд ј. (21.00 часот)

КПР е многу непредвидлив тим, има по 10 победи и порази сезонава, а во последните три кола имаше победа, пораз и реми. Шефилд е втор на табелата, се бори за влез во Премиер лигата, и има серија од пет победи по ред. Во октомври, Квинс парк победи во Шефилд со 1-0, но нивниот последен меѓусебен двобој во Лондон заврши со победа на Шефилд од 3-1. КПР игра слабо дома, има четири порази едноподруго, а Шефилд има пет гостински победи по ред.

Предлог тип: 2-3 гола (1.95)

- Оглас -

Најнови вести